На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (46)г од Охрид кој, однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, лицето пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.