АктуелноОхрид

Лице од Велгошти извршило неовластено снимање во канцеларија на управните служби при СВР Охрид

На 09.03.2024 година во 12.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во една од канцелариите на управните служби при СВР Охрид, лице од охридското село Велгошти, бил агресивен кон вработените по што извршил неовластено снимање во службените простории. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид