АктуелноОхрид

(ВИДЕО-ФОТО) Осветување на црквата Св.Недела во с. Радожда, Струга

Голем број верници денеска беа дел од осветувањето на црквата Св.Недела која се наоѓа крај самиот брег од Охридското езеро во селото Радожда, струшко.

Дворот од црквата беше претесен да ги собере сите верници кои беа дел од  настанот, а за кој организаторот имаше обезбедено јадење и пиење.

Административно, црквата е дел на Третата струшка парохија приСтрушкото архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ – ОА. Црковниот камен-темелник бил осветен и поставен во 2001 година.

Дополнително манифестацијата беше збогатена и со музика во живо.

фото и видео Ohrid1