среда, ноември 20, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пред општина Струга поставена спомен плоча на албански со која се велича фашистичка окупација

Еднојазична табла на албански јазик поставена на општинската зграда во Струга. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираат бидејќи на скандалозната плоча се слави фашистичката окупација и најавија дека ќе ги превземат сите правни механизми за да се сопре ширењето на фашизмот од страна на градоначалникот Мерко идентично како и изградбата на споменикот од Косово. Таблата го прекршува законот  за јазикот, а изиграни се и процедурите за нејзино постапување – не е гласано по Бадентер во Советот на општина Струга.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека историскиот датум испишан на таблата боде очи бидејќи на  1 септември 1941 година Струга е под италијанска окупација, кога Албанското кралство  го востаниволо  албанскиот јазик како службен во југозападна Македонија.

И покрај нашите обиди не успеавме да добиеме одговор и став од струшкиот градоначалник Мерко  за поставувањето на спомен плочата во општинската администрација.