Наш ИзборНаш изборОхрид

Детски Прличеви беседи

По повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина,
Организацискиот Одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ распишува КОНКУРСИ за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија:
1. Конкурс за најдобра поетска творба
(две категории: основно и средно образование)
Тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев
2. Конкурс за најдобар есеј
(две категории: основно и средно образование)
Тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев
3. Конкурс за најдобар рецитатор
(една категорија: средно образование)
Да се сними и испрати видео со рецитирање на првото пеење од поемата „Сердарот“
4. Конкурс за најдобар оратор
(една категорија: средно образоваие)
Говорот да не е подолг од 5 минути и да се испрати текстот од говорот на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев
Творбите да се испраќаат на електронската пошта: ohridskipoetskibiserohrid@gmail.com
со следните податоци:
име и презиме на ученикот, одделение/клас, училиште, ментор и контакт.
Рок за пријавување: најдоцна до 15 март 2024 г.
Резултатите, денот и местото на одржување ќе бидат објавени на 17 март 2024 г.
Со почит,
Организациски Одбор на „1. Детски Прличеви беседи“,
Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“