недела, ноември 17, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ: Ископините во Гимназијата се’ уште стојат, учениците се ‘ уште со страв поминуваат…

Ова е објектот кој е рак рана за охриѓани и кој дефинитивно не само што од лани ја ужаснува сликата за Охрид и во сончеви, а особено во врнежливи денови, не само што претставува опасност за децата и вработените туку ја претставува и кристално јасно сликата за владеењето на Мицкоски и неговите кадри.

Вака владее ДПМНЕ со Охрид-… хаотично, без ред и поредок.

Еве вака сака да владее Мицкоски со народот, бидејќи Мицкоски и неговите кадри само ова го умеат, се вели во соопштението од ОО СДСМ.

Во продолжение на истото се додава:

Веќе еден месец помина откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ЌЕ БИДЕ, ЌЕ СЕ СРЕДИ. Но и по еден месец ископините се’ уште стојат, учениците се ‘ уште со страв поминуваат, вработените се’ уште се убедувани дека ќе ја биде работата.

Нема време кадарот на Мицкоски да поработи на решавање на проблемот. Времето им е скапоцено и единствено треба да се искористи за промовирање на лажна близина со народот, за манипулативни ветувања и на своите членови, за навреди на политичкиот опонент, за надеж дека ќе дојдат на власт мислејќи дека доволно го натераа народот да им верува.

Но фактите не им одат во прилог: слаткоречивите Мицковисти, почитувани, не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат, а не пак држава да водат !

Извор: ОО СДСМ Охрид