АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Недела на блудниот син – втора недела пред великиот пост

Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото.

Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите. Покажувајќи дека никој од гревовите не може да го надмине Божјото благоутробие и Неговиот човекољубив разум.

Во приказната, еден татко има двајца синови. Постариот постојано прибива во заповедите Божји и никогаш не ги престапува, додека помладиот го засакал гревот, и се откажал од заедницата со Бога заради своите срамни дела и на лукавиот демон му служел, робувајќи им на страстите, и не можел да се насити. Бидејќи гревот е ненаситна работа, која станува навика и извор на привремени задоволства. Тој може да се спореди со рогчињата со кои биле хранети свињите. Најпрвин тие се чинат дека може да се вкусни, но се покажува не се хранливи, туку се премногу суви и не заситуваат.

Блудниот син едвај си дојде на себеси, кога полн со глад за добродетелите дојде при својот татко велејќи „Татко, згрешив пред небото и пред тебе и не сум достоен да се наречам твој син“. Сепак, татко му го прима во покајание, без да го укорува, туку го прегрнува и го бакнува, покажувајќи ја својата божествена и родителска љубов. Го облекува, символизирајќи го крштението, му става прстен на раката, кој е символ на Сесветиот Дух.

Исто така му става сандали на нозете, не како заштита од змии и скорпии кои би можеле да го убодат при неговото патување кон Бога, туку повеќе како средство да им ги скрши главите на таквите суштества. И, на крај, во изобилен знак на радост, тој го коле угоеното теле, Својот Единороден Син, и Отецот му ја дава Причеста – Неговите Тело и Крв.

 

denovi.mk