АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Над 500 потписи до 10 часот во Охрид за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова, за Пендаровски 30 тина

Од утрово ВМРО ДПМНЕ и СДСМ собираат потписи за кандидатурата на своите кандидати за претседател на Македонија. Потписи се собираат и во подрачното одделение во Охрид. Охриѓани позбрзаа да ја дадат својата поддршка.

Дознаваме дека до 10 часот за Гордана Силјановска Давкова поддрѓка дале над 500 охриѓани, додека за Стево Пендаровски 32.

Инаку со поддршка на 444 делегати од вкупно 448 колку што гласаа на Конвенцијата, Гордана Силјановска Давкова и официјално беше промовирана во претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Вети нов концепт на Претседател, близок до граѓаните, отпорен на политиката, неуморен во борбата за македонските национални интереси со јасен поглед кон Европската Унија.

СДСМ денеска ќе одржи Конгрес на кој треба да биде официјализирана кандидатурата за втор мандат за шеф на државата на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Како што најавија од партијата, Конгресот ќе има отворен и работен дел.

По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста, а медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на кандидатот за претседател на државата.