АктуелноОхрид

Привремено е запрен сообраќајот на 7 ми ноември – Градежните активности се одвиваат по предвидениот план и динамика

Градежните активности на улицата „7-ми Ноември“ се одвиваат по предвидениот план и динамика. До овој момент завршена атмосферската канализација по должината на целата улица, а исто така извршена е девијацијата на фекалната и индустриската канализација од поранешните индустриски капацитети долж улицата. Поставено е јавното осветлување и маркирани и уредени се површините предвидени за автобуски постојки, велат.

Од  ЈП „Охридски Комуналец“ направија подготовки за хортикултурно уредување на тротоарите.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа на крајот од август минатата година, а проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти, спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. Вредноста на истиот изнесува 39 милиони денари.