СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (67) години од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, во својство на инвеститор, при изградба на хотелски комплекс на парцела во охридското село Елшани, извршил доградба на објектот за која немал соодветно одобрение издадено од надлежен орган.