петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Охридските основни училишта ќе бидат дел од капмањата „Крени глас против врсничко насилство“

Деветте основни училишта во Општина Охрид ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“ која се реализира со поддршка на компанијата „Макпетрол“.

Ученици, наставници, како и претставници на стручните служби ќе учествуваат во работилници преку кои  ќе се споделат знаења и искуства за решавање на проблемите поврзани со врсничкото насилство. За успешна реализација на овие активности „Макпетрол“ и Општина Охрид потпишаа меморандум за соработка.

Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија во оваа кампања.

 

 

општина Охрид