АктуелноОхрид

Лажни дојави за бомби во училиште, деловни објекти и фабрика во Охрид

Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди за Охрид 1 портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.

– Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.

Димоски не објави детали околу дојавите, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала.

Поради дојава за поставена експлозивна направа,евакуирани беа и учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките вратени биле на настава.