Силниот ветер кој во текот на изминатата ноќ го зафати охридскиот регион предизвика кршење на дрво на булеварот „Туристичка“, во близина на поранешниот објект „Пентекс“.

Дрвото паднало врз тротоарот, додека дел од скршените гранки завршиле на коловозот, создавајќи пречки за нормалното одвивање на сообраќајот.

На терен интервенирале екипите на ЈП „Охридски комуналец“, кои го отстраниле паднатото дрво од тротоарот и гранките од коловозот.

Благодарение на брзата интервенција, булеварот бил расчистен, а сообраќајот за кратко време бил целосно нормализиран.


















