На 21-ви декември 2024 година, во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишно лице од Охрид, удрило во малолетен пешак.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.