АктуелноОхрид

Уште еден случај на измама за огревни дрва

На 21.02.2024 во 16,20 часот во СВР Охрид, 62 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало. Како што е пријавено, до пруиавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: СВР Охрид