Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец деновиве врши хортикултурно уредување и чистење на улицата „7-ми Ноември“

ЈП Охридски Комуналец деновиве врши хортикултурно уредување и чистење на улицата „7-ми Ноември“ која се реконструираше.

Вредноста на проектот е 39 милиони денари. Проектот опфати изградба на нова атмосферска канализација, изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.

Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет, а изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, Струга.

https://www.youtube.com/watch?si=1lo0MKKQbv6n6A3z&fbclid=IwAR1MoEeeHFLHO-vZRNrBWSr6ikvx6In4jKhMZ5_QFxAkYGLiOrGRmL2L3v4&v=JZZdzM_6HD4&feature=youtu.be