АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ФОТО и ВИДЕО)Археологот Паскали за Охрид1 раскажува за „Долни Сарај“ – Сарајот на Саби анама првата жена на познатиот Џеладин Бег

Убавините на уште еден прекрасен споменик на културата со кој нашиот град се гордее е Долни Сарај”. Сарај кој е изграден на почетокот на 18 век и своевремено претствувал летна резиденција на Џеладин бег.

Одејќи кон населбата Канео, неизбежен дел од амбиентот се и овие ѕидини кои потсетуваат на времето на Отоманската империја. Овој значаен локалитет имал функција на летен сарај на султанот, додека бедемите околу него датираат од постар период.

Долни Сарај, помладите охриѓани ја знаат како летна сцена Долни Сарај на која се одржуваат фестивали, концерти и други културни настани. Што претставувала оваа атрактивна локација во Охрид? Што е останато од градбата од тоа време, дали дел е реставриран, колку е зачуван? Забележуваме натпис на самата ѕидина. Може ли да ни откриете што пишува што значи? На овие, но и на ред други прашања за Охрид1 објаснува археологот Никола Паскали.

Никола Паскали: Во 1890 година кога патувал српскиот патеписец Бранислав Нушиќ околу Охрид и Преспа пишува за градбите во Охрид. Една му оставила впечаток. Најголемата и на најубаво место градба. Тоа е денешен Долни Сарај, во тоа време Уќумат Сарај (конак на кајмакамот).
На висока карпа над езерото, отсечена и едноставна, со вонредно убава глетка.
Под неа, некакви подруми во самата карпа и апсани, а низ внатрешноста на карпата е пробиен премин со скали по кои се слегува право кон езерото. Но таа зграда не е правена за Уќумат; тоа бил Сарајот на Саби анама првата жена на познатиот Џеладин Бег, кој пак имал свој дворец горе во тврдината…

Вистински клиф, запиша Синиша Станковиќ во делото “Охридското Езеро и неговиот жив свет од 1959 година.

На ова место имаме голема површина со подводни извори кои ги има од самиот брег до длабочина од 4 метри.
Можат да се забележат доста ендемични видови и керамички садови, фрагменти од истите, дрвени лажици и други движни наоди.

Паскали додава дека и Кузман Шапкарев исто бил фасциниран од Џеладин Бег и запишал: “Џеладин Бег не познавал цариградски султани… и управљавал отлеството си Охрид како кнја… неговото управление било едно од најм’дрите в’това време”… Многу христијани имал во неговата служба.

Дрвени лажици и керамички сад кој се претпоставува дека се од периодот кога Сарајот бил во функција. (Фото) Никола Паскали

Стар керамички сад и охридски сунгер. Подводни извори кај Долни Сарај. (Од ова место се црпело вода за во Сарајот и од Бакалов Мост).

 

 

Користена литература:
“Долни Сарај” – Борис Чипан
“Охридското Езеро и неговиот жив свет”

Пишува: археолог Никола Паскали

Фотографии од книгата:
“Долни Сарај – Епизода од историјата на Охрид со Џеладин Бег” – Борис Чипан