Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот крст Охрид, на градскиот плоштад во Охрид, ја реализираа превентивната кампања со показна вежба „Петардите не се играчка“. Притоа, младите волонтери демонстрираа симулациска показна вежба на повредени од експлозија на петарди, со приказ на повреди на екстремитети од експлозијата и укажување на прва помош при таква повреда. Тие, заедно со полициските службеници, на граѓаните им укажуваа на штетноста по психофизичкото здравје, пред се кај младите, кои се најчести купувачи на нелегална пиротехника, и им делеа летоци со едукативни содржини. Вакви и слични активности во наредните денови ќе бидат реализирани и во основните училишта во Охрид.