Наш ИзборНаш изборОхрид

СВР Охрид отпочна со поголеми контроли за заштита на регионот од појава на пожари

По неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на општина Дебрца, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.

Воедно, упатуваме апел до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци и потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

 

 

СВР