Без дозвола се вршеле лекарски испитувања во приватна здравствена установа – Ohrid1
недела, февруари 25, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Без дозвола се вршеле лекарски испитувања во приватна здравствена установа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од Охрид и против директорот на истата, 57-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“.

По преземени мери и извршена контрола било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања за кои здравствената установа немала дозвола од Министерството за здравство, информираат од МВР.