четврток, ноември 14, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација ја стартува 2024 со Национален семинар за тренери и судии

Викендов на 26.01 2024 (сабота) во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф и Саша Поповски црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на М.Т.Т.Ф се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии , каде учество зедоја членови од стие клубови на федерацијата.


После зимскиот распуст и празниците, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси, можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 од нив се Б класа, а истотака имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски, кој искажува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” , Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид