Григор Прличев е наша национална гордост и еден од најмаркантните литературни дејци, кој со своите творечки достигнувања е симбол на Македонската култура и литература. Неговото име и неговиот животен пат оставаат силен печат во историјата на Охрид и заслужуваат огромна почит. За таа цел Ве покануваме и оваа година да бидете дел од чествувањата во рамки на традиционалната културна манифестација „Прличеви Беседи“ и заедно да го прославиме ликот и делото на овој книжевен великан, стои во поканата од градоначалникот Кирил Пецаков.
Програма ТУКА