Второто полугодие за гимназијалците започна во несоодветни и неподносливи услови за изведување на наставата. Наместо за време на летниот распуст, среде учебна година локалната врши реновирање на охридската гимназија, а директорката Светлана Велкоска послушно ги следи партиските директиви, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение на истото се додава:
Деновиве наставата во гимназијата се одвива во неподнослива бучава, а учениците и наставниот кадар се гушат и дават во прашина.
Охридските гимназијалци станаа жртви на предизборната кампања на ДПМНЕ.
Левица Охрид денеска до Санитарната инспекција поднесе барање за вонреден инспекциски надзор. Според наши сознанија инспекцијата излегла на терен.
извор: Левица ЛО Охрид