Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во Владата ги потпиша договорите за изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, како и за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“.
Владата неодамна донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во 44 општини во Република Македонија. Се работи за проекти за изградба и реконструкција на градинки и училишта, спортски сали, патишта, мостови, пречистителни станици и многу други проекти. Ова се проекти со кои се овозможува подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование, здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните.
За зафатите во Охрид се пренаменети 90 милиони денари од централниот буџет.