Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата “Васил Главинов”.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 75 метри, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.