Наш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Рокот истекува до Нова година, автопат Охрид -Кичево нема, се вози по импровизирани коловози

Нема ништо од автопатот кој долго беше најавуван и уште подолго граден Охрид-Кичево. Рокот кој истекува на  31 декември , за само десетина дена ќе помине и се останува во ваква состојба.

Раскопан и зафатен простор, делумно поставен асфалт на некои места, непроодно, возење од лево во десно и обратно и сето тоа ќе остане за довршување на некои подобри времиња и договори. Што ќе биде со оваа траса во должина од околу 70тина кимолетри неможе никој да предвиди. Факт е само дека гледката е хаотична, како за патниците кои доаѓаат накај Охрид од овој патен правец, а уште повеќе за возачите кои мора да бидат крајно претпазливи при возење , особено во сега зимските услови.

Двете ленти кои навидум се протегаат на одредени места, се во не толку добра сосотојба ако се има во предвид дека лентата по која се вози веќе е амортизирана и почнуваат да се јавуваат дупки, така што додека се пушти во употреба втората лента ќе се упропасти и се така во недоглед.

Снимката покажува доволно од тоа каква е ситуацијата на терен. Единствено што ќе остане во лошо сеќавање се бројните сообраќајки кои се случија на оваа делница, особено некои кои беа со кобен крај и човечки жртви.