АктуелноОхрид

Две малолетнички од струшко Мислешево кои и претходно биле пријавувани за исчезнати повторно си заминале од дома

Две малолетнички од струшко вчера повторно биле пријавени дека се оддалечиле од дома. Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

Според ОВР Струќа синоќа околу 23 часот било пријавено дека Т.П.(14) и нејзината другарка А.С.(15) од селото Ложани се оддалечиле од својот дом. Ова не им е прв пат на овие две малолетнички да бидат пријавувани дека се оддалечувале од домот но секогаш се враќале назад информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.