На 13.12.2023 во 13.45 часот во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 26 годишно лице од селото.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.