Наш ИзборНаш изборОхрид

Јавна дебата за Буџетот на општина Охрид

Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 30.11 2023 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2024 година. По однос на донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници,месни и урбани заедници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица на јавна дебата по однос донесените нацрт документи.

Јавната дебата се закажува за ден 15.12.2023 година во малата сала при Општина Охрид.