Наш изборНаш ИзборОхрид

Промоција на монографијата „ Храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун“

После неколку години напорна работа, од печат излезе монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”.

Ова капитално и научно дело, е труд на повеќе докажани научници и истражувачи, стручни во својата област и тоа: д-р Сашо Цветковски д-р Виктор Недески д-р Викторија Поповска Коробар д-р Емилија Апостолова Чаловска м-р Илија Шапкароски и отец Александар Димоски.

Промоцијата на научното дело ќе биде во сабота 16 декември, каде најпрво во 08:45 часот во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун ќе се отслужи света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува нашиот Митрополит г.г. Тимотеј , во 11:15 часот, после светата Литургија во црковната сала ќе се промовира монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”

Промотор на монографијата ќе биде д-р Јехона Спахиу Јанчевска