Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“наменета за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него.
Акцијата трае од 08 до 20 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 23 декември (сабота), околу Волшебната елка во КАМ Village маркетот.
Во РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик.
Бидете хумани, дарувајте и израдувајте!
Ве очекуваме кај ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА во KAM Village.