четврток, ноември 28, 2024
Македонија

Адвокатот на Палевски за Телма: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед не знаев ништо за убиствата

Го однел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.

Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, вели адвокатот Стојков.

Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака дека да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие рече дека се кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случао биле и пријатели. Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после се се чувствува злоупотребено. Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рече Стојков во телефоснкиот разговор за Телма.

Извор: Телма