Наш изборНаш ИзборОхрид

Храм посветен на Св.Ѓоргија во Охрид

Свети Ѓорѓија — македонски православен храм во градот Охрид. Поточно, црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала, во близината на Градската општа болница и кружниот тек на патот кој води кон селото Велгошти и во правец на Битола. Црквата е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година.

Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид.

Покрај црквата во XX век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески. Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука и за настава за изучување на странски јазици и слично.

Изградена е во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј

 

ohrid1