четврток, ноември 28, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Еxpress.co.uk: Најубавиот дел на Македонија е неверојатното и спокојно Охридско Езеро

– Најубавиот дел на Македонија е неверојатното и спокојно Охридско Езеро, едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, пишува Британски express.co.uk во написот посветен на убавините на Република Македонија.

Авторот додава дека Охрид е сместен покрај планинската граница меѓу Република Македонија и Албанија и потсетува дека мирната дестинација е опишана како „најубавото место на Земјата“ од корисникот на Tripadvisor, mani_kalai. За неверојатната и идилична дестинација се вели: „Неверојатни глетки, може да се патува со брод за да се види градот од езерото. Пријателски настроени жители, многу барови, ресторани и продавници“. (Крај)

извор: express.co.uk фото: express.co.uk