АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Денес се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора

. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење.

Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

 

 

denovi.mk