АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Несовесни станари во Охрид го претвориле влезот од зградата во депонија

Немање свест и не цивилизираност го доведуваат во прашање  здравјето на станарите кои живеат во зградата чиј влез е претворен во депонија.

Смет, несоодветно однесување на дел од станарите е секојднавна слика во социјалната зграда во Охрид каде живеат семејства во социјален ризик. Жител на оваа зграда кој сака да остане анонимен за Охрид 1 вели дека две семеjства го прават целиот проблем, со своето несоодветно однесување. Додава дека постојано се жалат кај надлежните, но никој неможе да го реши проблемот.

Инаку зградите во Охрид беа изградени во 2008 год.  Но од кога се населени постојано граѓаните кои живеат таму се жалат дека се соочуваат со многу проблеми.  Често реагираат на нарушување на јавниот ред, а инцидентите ги пријавуваат во СВР Охрид, велат  дека не работат лифтовите и покрај тоа што има станари кои се неподвижни и болни,  дека нема осветлување, а се реагираат и дека често има кражби поготово од подрумите. Тие бараат поголема безбедност во околината на објектот.

А денеска влезот од зградата изгледа вака…

https://www.youtube.com/watch?v=HPaiSUpIZhU&ab_channel=Ohrid1%2FNews1