Продолжува партизацијата на јавните претпријатија во градов. Селективноста и дискриминаторскиот пристап стана основен принцип и синоним за владеењето на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид. Најновиот, но сигурно не и последен, во низата кадровски преседани на Пецаков и неговиот директор на ЈП ,,Водовод” предизвика низа реакции на вработени, кои на сопствен грб и на грбот на нивните семејства, го почувствуваа селективниот и антисоцијален партиски принцип на владеењето на ДПМНЕ, се вели во соопштението од ОО СДСМ, Охрид.
Во продолжение истото го пренесуваме во целост:
Имено, после скандалот со новата систематизација и новите решенија на директорот, следи нов скандал, во кој без никаков основ селективно и исклучиво по партиска припадност, со дополнителни решенија, наградени се дваесеттина партиски послушници и лица блиски до директорот. Задоволувајќи одредени интереси, во обид да создаде сопствен култ во редовите на ДПМНЕ, оперативната експедитивност на претпријатието забрзано опаѓа, а градот се соочува со сериозен водоснабдителен проблем.
Апелираме до Пецаков и директорот на ЈП ,,Водовод” , наместо да ги задоволуваат партиските апетити, да се одважат и согласно Законот и подзаконските акти да извршат исплата на регрес за годишен одмор к15 за последните три години, во спротивно ќе се соочат
извор: ОО СДСМ