АктуелноОхрид

Кривична пријава против 67-годишен кавадарчанец за злоупотреба на службена положба при изградба на хотелски комплекс во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член.353 од Кривичниот законик како и против правен субјект-

 

Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост.

 

Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“.

 

Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс.