Учениците Марко Ќушкоски, Александар Ристевски, Валентин Ѓузелоски (III-2) и Иво Георгиески (I-7) беа дел од проектот ,,Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион”.Тие зедоја учество во обуката за подобрување на знаењата и вештините кај младите за развој на рурален туризам во етноресторанот ,,Дедо Димо” во с. Куратица која беше во организација на Здружениетo на граѓани СВЕТИ ВАСИЛИЈ – Куратица.
Работилницата опфати обука за изработка на CBOT анализа на ресурсите на природно и културно наследство, човечкиот и социјален потенцијал – јаките и слаби страни и можностите за развој на одржлив туризам во проектното подрачје, идентификација и мапирање на атракциите, локалитетите, уникатностите во проектниот регион.
извор: ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид