АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Голем број верници денес во посета на црквата Св.Архангел Михаил во Кошишта

Голем број верници во текот на целиот ден ја посетуваа црквата Св.Архангел Михаил која се наоѓа во стариот дел на Охрид, Кошишта.

Свети Архангел Михаил — македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Кошишта.

Камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а била осветена на 19 септември 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 

Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен дарител бил Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, бил изработен од ЕМО – Охрид.

 

https://fb.watch/osFeoZbnGD/?mibextid=Nif5oz