Наш ИзборНаш изборОхрид

Ученици од Охридска гимназија освоија награди на бизнис натпреварот ,,Основај свој старт-ап”

На 15, 16 и 17 ноември 2023 година во касарна ХАБ се одржа бизнис натпревар ,,Основај свој старт-ап”. На овој натпревар заедно со професорот по Бизнис и претприемништво Војо Илоски, учество зедоа и учениците од Охридската Гимназија Св.Климент Охридски Никола Донески, Анастасија Јаковческа, Наталија Савеска, Снежана Змејкоска, Димитар Цацаноски, Ивана Тренеска, Дафина Размоска, Ема Наумоска и Виктор Дукоски.

На натпреварот се изработија и презентираа иновативни бизнис планови кои се презентираа пред комисија. Секој од присутните се здоби со знаење за создавање сопствен бизнис. Тимот кој се состоеше од Никола Донески, Наталија Савеска и Анастасија Јаковческа ја освои втората награда со еколошкиот бизнис план ,,ЕКОПАРК”, додека тимот на Дафина Размоска, Ема Наумоска и Виктор Дукоски ја освои третата награда со ,,FitSyncPro” фитнес апликацијата.