понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Голем инцидент во судот во Охрид, на судење на лица од Велешта!

ОБНОВЕНО

: На 21.11.2023 година во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта кои, претходно, пред основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

ОБНОВЕНО:  Инцидентот започнал кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убисто. По ова ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана да интервенира Полицијата. Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени.

ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА : Голема тепачка во судот во Охрид, полицијата ја блокира Македонски просветители. Пресметката е за судење на лица од Велешта и во моментотв се одвива голема поресметака во внатрешноста на судската зграда.

Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили кои ја блокираа улицата, а полицијата во моментов влегува во судската зграда за да превземе активности.

 

извор: Охрид 1