АктуелноОхрид

Пецаков: Заради брза интервенција во услови на снег и голомразица екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ депонираат абразивни средства во У.З.Стар Град

Заради брза интервенција во услови на снег и голомразица екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ депонираат абразивни средства во У.З.Стар Град
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла на повеќе пунктови во „Стар Град”.
Овие активности се спроведуваат со цел да обезбедат услови за брза интервенција во услови на снег и голомразица за да се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот.
Поради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња, старот дел од градот е во приоритетната група за интервенција во зимски услови, пишува во својата објава на Фб градоначалникот Кирил Пецаков.