АктуелноОхрид

Апел за помош, во пожар изгоре куќата на бранителот Сашо Автаровски од Струга

Неодамна во пожар во Струга семејството Автароски го загуби својот дом. На социјалните мрежи се шири апел за помош на ова семејство, со цел да им се излезе во пресрет во овој зимски период.

– Му се случи голема трагедија на нашиот бранител Сашо Автароски од Струга. Завчера додека бил на работа, ноќна смена, во доцните ноќни часови му се
запалила куќата што со чесна мака и пот ја градеше повеќе од 10 години. Во целата несреќа што му се случи, среќна околност е што неговото детенце било
будно и го забележало пожарот, па успеале да се извлечат од пламените јазици. Сега Сашо со семејството преспива кај негови другари, пријатели, познаници и
добри луѓе, но сите знаеме што е мака, да не дава Бог на никого она што го градел со години да го загуби во неколку минути. Затоа Ве молам, сите кои можете
да помогнете Сашо со семејството да се врати во домот и да му ја вратиме насмевката на лицето, не само на неговото, туку на целото семејство, стои во апелот.
Објавен е и личниот телефонски број од Сашо 072/254-260, на кој сите можат да го контактираат за начините на кои можат да помогнат.