АктуелноОхрид

Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика

Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите:

  • Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг)
  • Одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје
  • Докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници

 

За ги направиме поблиски нашите можности и капацитети до матичните гинеколози од Охрид и Струга, а со цел поефикасен и навремен одговор за задоволување на потребите на пациентите, Центар за јавно здравје Охрид во соработка со компанијата Биотек организира презентација за новитетите во молекуларната дијагностика.

Презентацијата ќе се реализира на 17.11.2023 г. (петок) во хотел “Village” во Охрид со почеток во 13:00 ч.