ВидеаВидеоМагазинНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) „КРИМИНАЛ“, нов хит на хип-хоп артистот Багзи

Во низа се редат хитовите на охридскиот хип-хоп артист Багзи, а најновиот е насловен
како„КРИМИНАЛ“, провокативно и актуелно во овие констелации. Тимот кој победува,
работеше и на овој негов хит, значи Багзи и Мечкаров, а видео-спотот го изработи Стефан
Стојкоски.

Модел во спотот заедно со Багзи е Матеа Христовска од Битола, која по завршувањето на
снимањето на спотот, летово на светски избор World Next Top Model 2023, претставувајќи
ја Македонија и ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на
30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Спотот е интересна приказна од секојдневието на младите, кои се соочуваат со се
поголемата трка по материјалното, безкрупулозноста, и љубовта како измислена
категорија!

Подолу е линкот за новата песна и спотот, Уживајте!