АктуелноОхрид

Охриѓанка пријавила дека била нападната на паркинг простор пред ноќен клуб, лицето кое ја бранело со тешки повреди пренесено во болница

На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се две лица од Охрид, затоа што се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале 28 годишна жена, а потоа и 34 годишен Охриѓанец. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај им биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот во СВР Охрид, бил пријавен настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид