Со торта, питулици и ајвар во реномираната охридска болница во народот позната како „Кардиолошко“ денес се прослави роденденот на познатиот интервентен кардиолог Дејан Манчески.
Манчески кој е баран доктор кај пациентите и омилен меѓу колегите во колективот пријатно се изненадил од организацијата на роденденот, па неколку гфотографии сподели и на социјалните мрежи.
Инаку роденденската прослава во „Кардиолошко“ дефакто била и своевиден пречек за докторот Манчески кој токму сега се вратил од Америка, каде престојуваше на еден од најзначајните конгреси на кардиолози од цел свет и каде ги унапредуваше своите вештини и знаења.
Манчески важи за еден од врвните кадри на оваа реномирана здравствена установа, во него многумина ја гледаат иднината и по се изгледа пред него е блескава иднина.