АктуелноОхрид

Не наседнувајте на шпекулации и „рекла казала“ муабети – Во ООУ ,, Христо Узунов,, НЕМА настан каков што е пласирано во јавноста

Пред неколку денови во ООУ ,, Христо Узунов,, -Охрид родителите и учениците забележале полициски службеници. Ова беше причина во јавноста  да се „исплетат“ разни приказни дека немил настан се случил во училиштето, што секако не е точно. Трагедијата да биде уште поголема приказни се ширеше и преку пораки на социјалните мрежи.

Токму поради тоа од училиштето испратија официјално соопштение преку кое објаснуваа се. Истото ви го пренесуваме во целост и апелираме да не наседнувате на секакви приказни во интерес на децата.

-ООУ,, Христо Узунов,, -Охрид најостро ги демантира шпекулациите изнесени во јавноста за наводно немили настани случени во училиштето. Најодговорно во мое име како директор на училиштето и во име на сите вработени наставници, педагог, дефектолог, психолог и сите останати вработени во училиштето тврдам дека во ООУ,, Христо Узунов,, нормално се одвива наставниот процес, посветена грижа на наставниците кон учениците, и грижа за нивните активности за училишниот одмор посебно нагласувајќи на учениците дека одморите треба да се поминат во кругот на училиштето.

Најодговорно ја информирам јавноста дека воспитно – образовниот процес во ООУ ,, Христо Узунов,, го изведуваат стручни лица кои не дозволуваат самоволно однесување на било кој ученик и во таа насока секој обид на секој ученик за однесувањето од училишниот правилник ИТНО се решава во комуникација преку нашите педагошко – психолошки служби и родители.

Посебно нагласувам дека ООУ ,,Христо Узунов,, е широко образовна институција кон родителите со цел низ различни форми на партнерство , да се вложат заедничи напори за подигнување на степенот на образовна култура кај најмаладите и во тој контекст за подигнување на нивната безбедносна култура за што имаме постојана соработка со СЕКТОРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА и се разбира со СВР – Охрид чии претставници редовно спроведуваат едукативни безбедни кампањи.

На крај сакам уште еднаш да нагласам : Во ООУ ,, Христо Узунов,, НЕМА настан каков што е пласирано во јавноста и со жалење морам да констатирам се работи за тенденциозни шпекулации со кое одредено лице се обидува да ја манипулира јавноста и да го наруши угледот на нашето училиште.

Ги уверувам граѓаните , родителите и нашите ученици дека ООУ,, Христо Узунов,, е безбеден училишен центар и целиот наставнички кадар со мене нема да дозволи нарушување на угледот на училиштето и нашата докажана грижа за правилни едукации и грижа за учениците.

извор: Директор на ООУ ,, Христо Узунов,, Охрид м- р Марина Ѓоргоска