АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градончалникот го распиша Конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2023 година

По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“- денеска го распишав Конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2023 година.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
Ги повикувам сите заинтересирани навремено и уредно да ги поднесат пријавите.
За критериумите и начинот на аплицирање може подетално да се информирате од следниот линк
-објави на својата ФБ страна градоначалникот Кирил Пецаков.